Занимливости

Централ Парк во Њујорк конечно добива споменик од жена

Централ Парк во Њујорк конечно добива споменик од жена-работник
32views

Три влијателни суфражетки добиваат статуа во нивна чест во Централниот парк на Њујорк. Ова ќе биде прва статуа во паркот што ќе прикаже некоја женска историска личност.

Непрофитната група „Monumental Women“ се залагаше за овој проект да ја испочитуваат Сојунер Трут, Сузан Б. Ентони и Елизабет Кеди Стантон. Бронзената статуа направена од уметникот Мередит Бергман беше избрана од 91 глас а ќе биде откриена на август 2020 година со цел да се одбележи 100-годишнината од добивањето на право на глас на жените во САД.

Централниот парк на Њујорк има 23 статуи на битни мажи од историјата, како што се Вилијам Шекспир, Кристофер Колумбо и Александар Хамилтон, но ниту една во чест на една жена. Во Њујорк, помалку од 3 проценти од статуите се од жени.