ЦРВЕНА МЛАДИНА БАРА МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА СТУДЕНТИТЕ ОД СЕКСУАЛНО ВОЗНЕМИРУВАЊЕ
Деновиве во медиумите излезе истражување за сексуалното вознемирување на Универзитетот во Тетово, Универзитетот Мајка Тереза и Универзитетот на Југоисточна Европа. Анкетата која била спроведена на примерок од 122 испитаници покажува дека 19,6%, односно секој петти студент од анкетираните изјавил дека бил жртва на сексуално вознемирување.
Професорите од студентите барале сексуални услуги за оценки! Ова го рефлектира системскиот проблем со недостиг на транспарентност и одговорност во образовните институции. Студентите се плашат да пријават вакви случаи и се оставени без заштита, што дополнително го комплицира решавањето на овој сериозен проблем.
Ваквото однесување на професорите од посочените универзитети Црвена младина го смета за неприфатливо и упатува осуда за сексуалното вознемирување кое се случува. Ова е проблем што ја загрозува безбедноста и достоинството на студентите, особено на жените и создава атмосфера на страв, па дури и инхибиција да се продолжи искачувањето по академскиот пат.
Црвена младина ги повикува властите да воведат построги мерки за заштита на студентите, вклучувајќи анонимни механизми за пријавување и остри санкции против сторителите! Одговорните институции мораат активно да се вклучат во решавањето на овој проблем. Сметаме дека е неопходно универзитетите да спроведат обуки и едукација за спречување на сексуалното вознемирување што дополнително ќе ги охрабрат жртвите да ги пријавуваат овие случаи.
- Независниот синдикат на полицијата денеска излегува на протест, бараат да се почитува Законот за минимална плата - 12/05/2025
- Швајцарската компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија – ќе вработи 500 лица - 12/05/2025
- СПМ зеде учество во панихидата по повод десетгодишнината од настаните во Диво Насеље - 09/05/2025