- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Црна Гора: Министерка покренала дисциплинска против синдикалец

Црна Гора - Работник
432views

Министерството за образование, наука, култура и спорт на Црна Гора, на чело со Весна Братиќ започнало да го спроведува најавеното „загрозување на правата на вработените“ во тоа министерството, соопштил Претседателот на Синдикатот на управата и правосудството Ненад Ракочевиќ

На тоа, како што рекол, укажува фактот дека е покрената дисциплинска постапка против вработен, член на раководството на синдикатот кој поднел уставна иницијатива на Актот за систематизација и организација на работните места и тоа „поради тешки повреди на работните обврски“.

„на веб страната на Владата низ официјален одговор на уставната иницијатива Министерката грубо и отворено се заканила дека ќе им се одмазди на подносителите на иницијативата“, истакнува Ракочевиќ.  

Рекол дека Министерството кога го носело споменатиот акт не го консултирал синдикатот, ниту ги зело во предвид мислењата на Управата за кадри и Министерството за јавна управа и дигитално општество, „што е законска обврска, па и поради тоа е поднесена Иницијатива за оцена на уставноста пред Уставниот суд“.

„Во одлуката за покренување на дисциплинската постапка е назначено дека вработениот не го извршил налогот на претпоставениот и дека одбил да ја изврши работната задача. Налогот се однесувал на преземање на решение за привремено распоредување на друго работно место со седиште на Цетиње, со што вработениот се согласил, но Министерката сепак се одлучила да покрене дисциплинска постапка против него. Ваквата банална причина за покренување на дисциплинска постапка крие други намери, а тоа е пресметка со вработениот кој укажал на кршењето на законите“, наведува Ракочевиќ.

Смета дека покренувањето на дисциплински постапки против вработените кои укажуваат на непочитувањето на законите и законските процедури претставува притисок со цел заплашување „кој прераснува во мобинг“.

„Дека е во прашање класичен мобинг потврдува фактот дека оштетениот вработен, член на највисокото раководство на синдикатот кој настанат во Никшиќ, со работно место во Подгорица, го преместила да работи во Цетиње“.

„Незаконското постапување на Министерката од кое се оградуваат нејзините најблиски соработници ќе резултира со кривична пријава против неа лично, бидејќи доверливи податоци од одредени вработени од личните досиеја се појавија во јавноста и на социјалните мрежи“, рекол Ракочевиќ.

Вниманието кое Министерката го привлекува со „многу не разбраните потези“, оценува тој, пополнето е со нејзината јавна и официјална изјава дека не постои синдикат во Министерството за образование, иако таму постојат два синдикати од кои едниот е репрезентативен.

Од синдикатот на управата и правосудството порачуваат дека со овој случај ќе биде запознаена Владата, Омбудсманот и сите меѓународни фактори во Црна Гора, за да ги преземат сите мерки со цел да ги заштитат човечките и работничките права.

Рекле дека на овој начин сакаат да придонесат во градењето на подобро општество во кое „на застрашувањето и мобингот нема и не смее да се молчи“.

„Синдикатот на управата и правосудството на ваквите појави нема да остане нем, бидејќи како грански синдикат во областа на јавната управа ќе пружи заштита на секој свој член или вработен над кој спроведуваат притисоци“.

Извор: Vjesti.me

Фото: Savo Prelević