ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Црна Гора: Синдикатот на медиумите бара поглема заштита за медиумските работници

Црна Гора: Синдикатот - Работник
148views

Главниот одбор на Синдикатот на медиумите на Црна Гора упатил јавен апел до Институтот за јавно здравје да обрне внимание кон вработените во медиумите кои не можат да работат од дома, за да се заштитат повеќе од вирусот Ковид – 19.

Тие велат дека потребната заштитна оперема не може да се набави без поддршка на Инстиутот за јавно здравје и Националното координациско тело за борба против заразни болести.

„Поради тоа замолуваме да заштитната опрема се отстапи на медиумите, односно на вработените во нив. Инситутот за јавно здравје го молиме да достави и пишани препораки за однесување, правила и обврски во текот на известувањето од терен, се со цел да се намали можноста за ширење на заразата. Кога се во прашање медиумските куќи апелираме да на луѓето чие физичко присуство не е неопходно во редакциите да им се дозволи да работат од дома, колегиумите и редакциските состаноци да се одржуваат онлајн, да се обезбеди дезинфекција на просториите и работните површини, како и да се набават средства за дезинфекција на рацете и слични начини за превентивно делување“, порачуваат од ГО Синдикатот на медиуми.

Тие истакнаа дека во моменталната ситуација покрај здравствените работници и полицијата, новинарите/ките, фоторепортерите и камерманите се најисложени на заразата, а потребната заштитна опрема не може да се набави без поддршка на Институтот за јавно здравје.

„Според нашите сознанија, освен основните дезинфекциски средства кои ги набавиле поединечни редакции и намаувањето на бројот на вработени кои доаѓаат на работа, не се преземени никакви други превентивни и заштитни мерки. Напоменуваме дека во моменталната ситуација покрај здравствените работници и полицијата, најизложени на вирусот се и медиумските работници“, велат од синдикатот.