Занимливости

Црн туризам од Помпеја до Чернобил: Зошто луѓето се толку фасцинира од смртта и трагедијата

Црн туризам од Помпеја до Чернобил - Работник
85views

Од Аушвец до Чернобил, па се до местатото на кое е убиен Кенеди и трагедијата 9/11 во Њујорк, се само некои од местата кои годишно се опсипани од туристи.

Експертите овој феномен го нарекуваат „црн туризам“ и велат дека има долга традиција. Црниот туризам се однесува на посетување на места каде се случиле едни од најужасните настани во човечката историја. Тоа ги вклучува геноцидите, убивствата, етничкото чистење, војната и болестите.

Некои можеби ова би ги асоцирало на духови и страшни приказни, но оние кои го проучувале феноменот наведуваат дека тоа нема никаква врска со натприродни работи.

„Ова е нов феномен. Постои доказ дека црниот туризам датира уште од битката кај Ватерло кога луѓето од своите кочии ја гледале битката“, рекол Џ. Џон Ленон, професор по туризам на Универзитетот Гласгов кој ја создал кованицата „црн туризам“ со своите колеги во 1996 година.

Тоа се случило уште во 1815 година, а Ленон напоменува еден постар пример: луѓе кои се туркале во публиката за да гледаат јавно бесење во Лондон во 16 век. Тоа е нешто што е релативно модерно во однос на крвавите спектакли кои се одигрувале во Колисеумот во Рим.

Точна статистика за тоа колку луѓе учествуваат во „црниот туризам“ не постои, но бројката е во пораст. Еден онлајн водич Dark-Tourism.com, на листата нведува речиси 900 места во 112 држави.

Нема сомнежи дека овој феномен станува се повидлив, дел и поради серијата на Нетфликс „Дарк Турист“ која е објавена минатата година.

А, популарната култура само му придодава на овој феномен: откако HBO ја објави мини серијата „Чернобил“ за нуклеарната катастрофа во 1986 година, туристичките агенции почнале се повеќе да водат луѓе на ова место, а посетата пораснала од 30 до 40 посто.

Украинската Влада оттогаш навела дека има намера чернобилската зона и официјално да ја прогласи за туристичка атракција, и покрај нивото на радијација.

Филип Стоун, директор на Институтот за истражување на црн туризам на Универзитетот Ланкшир во Англија рекол дека гледа како апетитот за ваквите дестинации расте.

„Мислам, од политички или културни причини, се вртиме кон посетите за да се сетиме на аптеката на смртта и умирањето. Во тек е своевидна манија на „сеќавања“. Можете тоа да го наречете црн туризам.

А зошто луѓето се толку маѓепсани со таквите места? Академците кои го проучувале овој феномен наведуваат дека тоа е во човековата природа.

„Ја добивме таа културолошка фасцинираност од мрачната страна на историјата, поголем дел од историјата е мрачен. Мислам дека кога одиме на тие места, не гледаме странци, туку се гледаме себе и тоа што би направиле во такви околности“, навел Стоун. Не постои точен тип на туристи кои сакаат црн туризам: тоа може да биде историчар кој своето семејство го води на пат каде некогаш се одиграле битиките во Граѓанската војна, турист кој оди во Колесеумот, или туристи кои ја истражуваат напуштената територија после нукеларната несреќе на Фокушима во 2011 година.

Оние кои се запознаени со феноменот, не го осудуваат. Поточно, оние кои тврдат дека овие места со најмногу значење им помагаат на посетителите да ја разберат сегашноста и да бидат внимантелни во иднинатата.

„Овие се важни места кои ни зборуваат многу за тоа што значи да се биде човек. Мислам дека тоа се важни места за нас за да го разбереме подобро злото за кое сме способни“, навел Ленон.

Со оглед на тоа што се повеќе од тие места стануваат популарни, експертите стравуваат дека би можеле да станат поексплоатирани и да се користат како позадини за неугледни фотографии.

„Помалку предизвикува пасивно однесување, ајде да го наречеме туристичко однесување кое можеби не е на место“, додал Стоун.

Селфиња во концентрационите логори и слични фотографии се избегаваат по социјалните мрежи.

Ленон наведува дека понекогаш е воодушевен од однесувањата, но одбива да наведе што е тоа што го смета за прифатливо, а што не. Се надева дека со посетување на вакви места луѓето стануваат подобро информирани, пренесува Саут Чајн морниг пост.