МакедонијаПравдаСветот на работникотСиндикат

Црн штрајк треба да има во правосудството, вели Јосевски

Црн штрајк треба - Работник
153views

Ја свикавме оваа прес- конференција за да го изразиме нашето огромно незадоволство од зголемувањето на додатоците за судските службеници оваа недела кое според нас е потценувачко за вработените во правосудството, рече Претседателот на синдикалната организација на правосудство при синдикатот на администрација и државна управа, Драган Јосевски.

– Ние како синдикат не се согласуваме дури ни со барањата на УПОЗ и на здружението за судски службеници за да се изедначиме со платите на другите, бидејќи тоа е штетно за судските службеници, од причина што платите на судиите се поголеми, вели Јосевски.

Тој истакна дека тие ќе понудат номинално единство кое ќе биде од аспект да се избалансираат нивните барања, за да биде поправично зголемувањето на додатоците на плата, но прво би требало два до три пати да се зголемат додатоците на судските службеници во однос на судиите, така да ако еден помлад судски службеник  зема 15,000 денари плата и ако нему му се зголемат додатоците за два до три пати ќе се добијат 4,500, а судиите ќе останат на своите 6,000, така ќе има еден баланс.

Според него, најавениот бел штрајк на УПОЗ не е решение за проблемите, туку треба да се влезе во црн штрајк.

Истакна дека тие биле влезени еден ден во штрајк, но претставниците на УПОЗ се откажале и штрајкот завршил безуспешно.

Додаде дека само со заеднички напори може да се решат сите проблеми на судските службеници.