Чекаат по 40 часа за преглед – некои умираат пред да дојде доктор, здравството во Германија на колена

Германија се соочува со сериозен недостиг на кадар, особено во здравството. Во ургентните центри луѓето чекаат и до 40 часа за преглед, па, како што сведочат лекарите, „кога ќе стигнеме во собата, ќе откриеме дека луѓето лежат мртви иако не морале да умрат“. Само во одделенијата за интензивна нега има недостиг од 50.000 работници. Во училиштата низ земјава недостасуваат 40.000 наставници, а во градинките дури 100.000 наставници.

Тамошните медиуми пишуваат дека најсилната економија во ЕУ е во неволја, па, колку и да звучи неверојатно, сè потешко е да се најде сектор од економијата во кој нема никакви тешкотии. Тања Гонер, извршен директор на Федерацијата на германската индустрија, во интервју за весникот „Welt am Sontag“, наведува дека „германскиот бизнис модел е под огромен притисок“, додека пак според Волфганг Грос Ентруп, извршен директор на Германското здружение на хемиската индустрија, оваа гранка е особено погодена, бидејќи троши многу енергија.

Германците во новата година влегуваат со ветување дека рецесијата ќе се намали, но конкретни гаранции за тоа нема, а во меѓувремеграѓаните се повеќе жалат за уредната татковина од ерата на канцеларката Ангела Меркел.

Фото: Canva