ЕкономијаСвет

Чесите побогати од жителите на Шпанија и Италија

Чесите побогати од жителите - Работник
79views

Чешка и официјално има поголем бруто домашен производ (БДП) по глава на жител, за разлика од двете земји кои важат за едни од најголемите економии на Западна Европа – Италија и Шпанија.

Во последната година, тој број достигна 38.120 меѓународни долари по лице, пресметан врз основа на парите на куповната моќ, според анализата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесува „Прага Утро”.

Сепак, мора да се напомене и земе во предвид фактот дека овие податоци се однесуваат на 2020 година, при што, во услови на здравствената криза со коронавирусот, Шпанија и Италија беа најпогодени меѓу европските економии. Сепак, експертите од ММФ сметаат дека Чешка може да ја задржи водечката позиција во однос на двете земји и по завршувањето на кризата.

Извор: Лидер