МакедонијаСиндикат

Четриесет медицински сестри дале отказ, останатите не можат да постигнат

Четриесет медицински сестри - Работник
373views

Четириесет медицински сестри за неполна година си заминале од Клиничкиот Центар во Скопје. Станува збор за искусни сестри, со долг стаж и работно искуство, кои си дале отказ, најголем дел за да заминат да работат во странство. Ова го покажуваат податоците на самостојниот синдикат на клинички. Од синдикатот се загрижени што работните места ги напушта искусен кадар, кој е тешко да се замени со нов.

„Мене ми е жал и како пациент, но и како граѓанин дека тие медицински сестри што заминуваат се ретко млади сестри, тоа се главно сестри со сериозно работно искуство, докажани во својата професија, на одговорни места на клиниките, како одделенски медицински сестри, одговорни сестри кои што водат одредени софистицирани дијагностички процедури и кои што тешко може да се надокнадат. Тоа е спремен кадар кој што баш во тие години треба да му служи на ова општество, на граѓаните за да имаме бенефит сите“. – вели Јулија Јовановска – Самостоен Синдикат на Клинички Центар, известија 24вести.

Целосниот текст можете да го прочитате тука