ПравдаСветСветот на работникот

Чешка повторно воведува задолжително носење маски и ги враќа прекуграничните работници дома

92views

Чешка од денес ги заостри рестриктивните мерки во североисточниот дел од земјата, поради зголемувањето на бројот на новозаразени со коронавирус и повторно воведе задолжително носење маски, го ограничи работното време на рестораните и ги врати проверките на прекуграничните работници.

Во Чешка починале 335 луѓе од Ковид-19, многу помалку отколку во соседните западни земји, но во последните три недели се бележи пораст на нови инфекции, главно во индустрискиот регион Моравија-Шлезија, на границата со Полска и Словачка. Областа, со градот Острава, сочинува 11% од 10,7 милиони жители на Чешка.

Во седум од изминатите 10 дена во Чешка се пријавени повеќе од 100 нови случаи на инфекција, со голем број нови случаи на североисток откако се појави инфекција кај работниците во рудници за јаглен во државна сопственост.

Министерот за здравство Адам Војтех најави дека ќе бидат забранети настани со над 100 лица во областа, а прекуграничните работници ќе треба да имаат негативен тест за „Ковид-19“ на секои две недели.

Вкупниот број заразени во Чешка е 13.612, со 4.617 активни случаи.