Наука

Чешките археолози го откриле најстариот бунар во светот

Чешките археолози - Работник
245views

Неолитичкиот бунар пронајден во Чешка пред две години е најстарата древна структура од таков вид откриена во светот, објавиле чешките археолози на основа на резулатитите од спроведените анализи.

„Ја одредивме староста со дендрокронологија и ја потврдивме со датирање на радиоактивен јаглен“, изјавил Јарослав Песка од Археолошкиот центар на градот Оломоуца на истокот од Чешка.

„Бунарот датира помеѓу 5256 и 5255 година пред Христос. Денеска не знам ниедна древна структура датирана со дендокронологија во светот која е постара од оваа, но можно е ова во иднина да се промени“, објаснил Песка.

Бунарот е пронајден во 2018 година на околу четири метри длабочина додека се градел автопатот, на некои 120 километри источно од Прага.

„Го ископавме долниот дел на бунарот во висина од 1,4 метри“, рекол Песка.

Како што пренела агенцијата ЧТК, скелетот на бунарот изграден е со помош на четири стубови заглавени во аглите, а стубовите имаат вдлабнатини во кои можат да се стават даски.

Се до ден денес, научниците верувале дека луѓето со таква технологија на изградба започнале да се служат многу, многу подоцна.

Археолозите го отстраниле бунарот и земјата со која бил затрупан, па ја испитале и неа и потврдиле дека  тој датира од последниот период на камената ера.

„Сега се спроведува конзервација на бунарот и кога таа фаза ќе биде завршена, бунарот ќе биде премесетен во музејот во соседниот град Пардибеце, а тоа се очекува да се случи за две до три години“, рекол Песка.