Правда

Чиле: По милионскиот протест, Пинера побара оставка од сите министри

Чиле: По милионскиот протест - Работник
45views

„Побарав од сите министри да си поднесат оставка за да можам да формирам нова влада и да одговорам на овие нови барања“, рече претседателот во обраќањето пред нацијата од Претседателската палата Ла Манеда.

Повеќе од милион луѓе учествуваа на маршот во знак на протест против нееднаквоста и бараа поголема социјална правда.

„Живееме во нова реалност. Чиле денес е различно отколку пред една недела“, додаде претседателот.

Ова е трета реконструкција на владата на конзервативниот претседател за нешто повеќе од година и пол . Себастијан Пинера стапи на должност во март 2018 година.

Невидените протести почнаа поради зголемената цена на билетите во метрото за повеќе од 3 проценти. Но, и покрај повлекувањето на одлуката, социјалното незадоволство не се намали.

Извор: Канал 5