ЕкономијаСветСветот на работникот

Чукнал часовникот: Работната недела од ЧЕТИРИ ДЕНА е приоритет

Чукнал часовиникот: Работната недела - Работник
69views

Пандемијата на коронавирусот принудила многу луѓе ширум светот да се прилагодат на начин на живот во границите на своите домови. 

Поради тоа што многу вработени работат од далечина, компаниите се обидуваат да ги прилагодат своите канцеларии имајќи ги во предвид мерките за претпазливост. Ова се однесува на оние кои воопшто имаат намера повторно да ги отворат. 

Поранешниот демократски претседателски кандидат Ендру Јанг рекол дека за САД ова е последниот рок за спроведување на четиридневна работна недела за подобро прилогадување на американските работници на новото време. 

Јанг уште во мај зборувал за спроведување на идејата за четиридневна работна недела за да вработените Американци подобро се прилагодат во ова време на несигурност, наведувајќи го скратеното работно време како предност. 

„Тридневните викенди се подобри од дводневните викенди“, рекол Јанг. 

Додека здравствените експерти проектираат дека животот каков што го познававме можеби нема да се врати до следната година, Јанг изјавил дека воведувањето на четиридневна работна недела сега е поголем приоритет, од било кога. 

„Тоа би ни помогнало да се оттргнеме од тркалото за хрчаци на кое сме моментално, каде сите на некој начин се натпреваруваме со времето. А, трката не излудува сите“, вели Јанг.