ЕкономијаМакедонија

Шапуриќ: Откупувачите се подготвуваат за откуп на тутунот

Шапуриќ: Откупувачите се подготвуваат - Работник
148views

Инспекторот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, придружуван од инспектори во инспекторатот, вчера во Прилеп одржа  состанок  со претставниците на  компаниите регистрирани за откуп  на тутун. На состанокот присуствуваше и Гордана Мицевска директор Научниот  институт за тутун и Мендо Стомнароски Претседател на Сојузот на земјоделски здруженија, соопшти денеска Државниот инспекторат за земјоделство.

Во пресрет на претстојниот откуп на тутунот на состанокот се разговараше за откупот согласно новиот Закон за тутун. Посебен акцент на состанокот беше ставен на потребата од брзо формирање на Комисија за верификација на мострите од тутунот, бројот на откупните места и контролата на откупот од страна на овластените инспектори. Се разговараше и за потребата од навремено доставување на  потребната документација до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и до Инспекторатот, како и за финансиските и другите условите кои што треба да ги исполнат, пред почетокот на откупот. Од страна на компаниите беше нагласено дека новиот Закон за тутун содржи значителни подобрувања во однос на претходниот закон, но дека во иднина треба да се извршат одредени допрецизирања на законот, објави Сител.

Целосниот текст прочитајте го тука

Фото: Сител