Шаќири: САД е важен партнер во модернизација на образованието во земјава
Министерот за образование и наука Јетон Шаќири денеска оствари протоколарна средба со амбасадорката на САД во Северна Македонија, Н.Е. г-ѓа Кејт Мери Брнз, на која се разговараше за тековните активности и состојбата во образованието, продлабочување на соработката на сите полиња и идните планови за развој на националниот образовен систем.
Министерот Шаќири ја запозна амбасадорката Брнз со состојбата поврзана со процесот на дигитализација на образованието, како и со реализацијата на реформите во основното образование, при што се заблагодари на Владата и граѓаните на САД, за досегашната помош и поддршка за имплементирање на светските трендови во училиштата во државата.
Шаќири истакна дека САД е важен партнер во реализација на неколку важни проекти кои МОН ги реализира со агенции на Владата на САД, како и со Мировниот корпус кој повеќе од две децении, успешно работи на проекти кои помагаат во развој на заедниците во земјава.
Амбасадорката на САД, Брнз истакна дека американскиот народ и Влада се подготвени за продлабочување на соработката во сите сегменти на развој на македонскиот образовен систем, при што истакна дека поддршката која и досега беше на високо ниво, ќе продолжи и во иднина.
- Боинг укинува 17.000 работни места и ја одложува испораката на 777X - 13/10/2024
- Неделков: Колективните договори ќе се потпишат најдоцна до 20 февруари, платите кумулативно ќе се зголемат за околу 50 % - 12/10/2024
- Мицкоски: Платите на наставниците и професорите се зголемуваат за 5 проценти со октомвриската плата, до крајот на мандатот ќе пораснат за 46 проценти - 12/10/2024