- Advertisement -
ЗанимливостиМагазинНаука

Шест начини на кој 5G ќе го промени светот на подобро

Шест начини на кој 5G ќе го промени светот на подобро
438views

Светот влегува во 5G ерата со големи чекори. Иако пандемијата може да го забави ширењето на 5G мрежите и воведувањето на 5G технологии, овој процес е незапирлив низ целиот свет.

5G е толку сеопфатна и револуционерна промена, што некои експерти веруваат дека воведувањето на 5G технологија за светот ќе биде исто толку револуционерно како воведувањето електрична енергија и почетокот на употребата на автомобили, пред повеќе од еден век.

Иако не се единствените, овие 6 работи ги илустрираат начините на кои 5G ќе го промени светот на подобро:
1. Брзината на интернет-врската ќе биде до 100 пати поголема од 4G, што значи дека ќе може да превземаме филмови од Интернет за само неколку секунди.

2. 5G претставува „позелена“ технологија, во еколошка смисла, бидејќи бара помала потрошувачка на енергија, па затоа батериите на нашите уреди ќе траат подолго, а со тоа и уредите ќе можат да се користат подолго помеѓу две полнења.

3. 5G ќе обезбеди медицинска помош во кое било време, каде било во светот, како што е вршење операции на далечина, како и испорака на лекови и медицински материјали со беспилотни летала.

4. 5G исто така ќе ни овозможи да го следиме загадувањето на воздухот во реално време, па можеме навремено да се информираме за тоа преку нашите паметни телефони и да реагираме навремено на опасностите.

5. 5G ќе овозможи стабилна врска на тешко достапните места, така на пр. рударите ќе можат да бидат во постојан контакт дури и во најголемите подземни длабочини.

6. 5G ќе овозможи поголема употреба на автономни возила и машини со далечинско управување, со што ќе се намали потребата за присуство на луѓе на опасни места.