- Advertisement -
ЕкономијаНовостиСветСветот на работникот

Шефовите пресметале колку работата од дома може да потрае: Дали ви се допаѓа таа идеја?

Шефовите пресметале - Работник
410views

Со најновиот бран на „доцнење“ на враќањето на работа, поради Ковид – 19, некои компании разгледуваат нова опција: канцелариите би можеле да бидат затворени во наредните две години.

Ова предизвикува загриженост помеѓу менаџерите, бидејќи што вирусот ги „држи“ повеќе работниците дома, толку потешко ќе им биде да се вратат на старите работни навики. Многу вработени во текот на пандемијата развиле нови рутини, заменувајќи го на пример, патувањето до дома со вежбање или едноставно им се „засладила“ флексибилноста која ја имаат повеќе од 19 месеци. 

WSJ пренесува дека дури и оние кои упорно сакале да работат од канцеларија – сега се навиканале на флексибилноста и комфорот кои ги носи работењето од далечина. Истражувањата покажале дека ентузијазмот за работа од далечина дополнително се зголемил, како што пандемијата се продолжува. 

На пример, компанијата Intel Corp. профитирала на сметка на напреднувањето на работата од далечина. Извршниот директор, Пет Гелсингер, предвидува дека хибридниот модел на работа и работењето од далечина ќе останат норма во наредните месеци и години и порачува дека „нема назад“. 

Пред извесно време, Ејпл на своите вработени им рекол дека планираното враќање во канцелариите ќе биде одложено најмалку до јануари, што на работниците им дошло добро, со оглед на тоа дека потпишувале петиција за тоа трајно да работат од далечина. 

Амазон и Фејсбук исто така планираат да ги вратат вработените на работа на почетокот од 2022 година, но факт е дека егзактен план не може да има. Дури и гигантите кои во јуни или јули најавиле дека ќе ги отворат канцелариите во септември, набрзо после тоа се соочиле со раст на заразени од делта сојот во земјите, па ги одложиле плановите. 

Извор: Biznis Telegraf

Фото: Shutterstock