Македонија

Шилегов: Ја вративме Дрисла на Град Скопје

Шилегов: Ја вративме - Работник
120views

Градоначалникот Шилегов на денешната прес-конференција соопшти дека по двегодишна тешка, напорна, но истовремено и искрена и принципиелна борба депонијата „Дрисла“ е вратена во системот на Град Скопје.

Тој истакна дека по завршувањето на оваа постапка ќе ги повика сите надлежни институции и заинтересирани граѓански здруженија и асоцијации, сите заинтересирани граѓани поединци да помогнат заеднички да се направи анализа на досегашното работење на депонијата и заеднички да ја утврдат фактичката состојба во овој сега веќе градски капацитет.

– Ќе повторам, Град Скопје и јас лично како градоначалник сме гарантот за исправноста на целосното идно работење на „Дрисла“. Жал ми е што заради некомпетентност и базично незнаење демонстрирано од претходната владејачка гарнитура неповратно изгубивме цели 9 години. Во периодот што следува прва грижа на Градот ќе биде „Дрисла“ да стане прва санитарна депонија која ќе применува современи технологии за управување со отпадот и целокупниот нејзин економски потенцијал ќе биде ставен исклучиво во служба на граѓаните – нагласи Шилегов на денешната прес-конференција.

Извор: Град Скопје