ПравдаСветСветот на работникот

Шпанија ги затвори ноќните клубови и го намали работното време на рестораните

Шпанија ги затвори ноќните клубови - Работник
87views

Шпанија ги затвори дискотеките и ноќните клубови, го ограничи работното време на рестораните и кафулињата и го забрани пушењето на улиците по зголемувањето на бројот на заразени со коронавирусот

Само вчера во шпанската статитсика се впишаа речиси 3.000 новозаразени, што е највисока бројка од крајот на април. Владата свика вонреден состанок со претставници на 17 автомомни провинции за да изнаоѓање на заедничко решение за запирање на ширењето на коронавирусот.

Едногласно беше донесена одлука ноќните клубови ширум Шпанија да се затворат и покрај туристичката сезона. Според претставниците, токму ваквите места се главен генератор за појава на вирусот.

Забрането е пушењето на улиците, терасите и на сите отворени места каде не може да се гарантира растојание од два метра помеѓу луѓето. Мерка која претходно беше донесена на Канарските острови и Галиција

Рестораните и кафулињата ќе бидат отворени до 1 часот наутро, но од полноќ веќе нема да им биде дозволено да примаат гости. Внатре, ќе мора да има оддалеченост од минимум 1,5 метри помеѓу посетителите во барот, како и помеѓу масите.

Веруваме дека воведените мерки се добри. Ги замолив сите регионални влади да ги користат сите средства за се почитуваат, изјави денеска шпанскиот министер за здравство Салвадор Ила на прес-конференцијата.

Тој ги советува жителите да ги избегнуваат сите непотребни состаноци и дружења.

Во Шпанија, дозволени се состаноци на најмногу десет лица со задолжително носење маски.

Откако владата ја укина вонредната состојба на 21 јуни, секоја од 17-те автономни провинции е одговорна за воведување на свои мерки за спречување на ширењето на вирусот.

Од средината на јуни, откако 47 милиони жители излегоа од своите домови, по сто дена атроги мерки и карантин, вирусот повторно еруптираше во сите делови на Шпанија. Во моментов има повеќе од 800 жаришта во земјата.

-Бројот на нови случаи расте, но малку ако ја споредиме ситуацијата со онаа во март, истакна првиот човек на медицинската служба, Фернандо Симон.

Од почетокот на пандемијата, биле заразени 337.334 жители, од кои 28.605 починале.