ЕкономијаСветСветот на работникот

Шпанија има недостаток на земјоделски работници

Шпанија има недостаток - Работник
32views

Шпанија започнала со решавање на проблемите со недостаток на земјоделски работници, предизцикани од епидемијата на корона вирусот.

Таа одлучила да одобри привремено вработување на десетици илјади емигранти и невработени луѓе, информира Ројтерс.

Агенцијата наведува дека затворањето на гранците принудило голем број на странски работници да останат дома во текот на шпицот на сезоната на берба во Шпанија која е втора земја во светот по број на смртни случаи од корона вирусот.

За да го деблокира производствениот ланец, шпанската влада соопштила дека ќе им овозможат на земјоделските сопственици да вработат помеѓу 75,000 и 80,000 локални жители.

Иницијативата е посебно важна за регионите: Андалузија, Мурсиј, Арагон и Каталонија.

Најавувајќи ги мерките, министерот за земјоделство, Луис Планас рекол дека мерките ќе бидат во сила до 30 јуни, а истите предвидуваат гарантирање на извозот во други држави на Европската унија.

„Две третини од нашето производство отпаѓа на пазрот на ЕУ и мораме да обезбедиме производи за тој пазар, бидејќи е многу важен извор на приходи“, истакнал Планас.

Владината уредба ќе им овозможи на работниците кои се невработени и примаат социјална помош привремено да работат во земјоделскиот сектор.

„Не можеме да сметаме на мароканските работници оваа сезона, но со овие вонредни мерки кои се однесуваат на локалната работна сила, би требало да успееме да одговориме на потребите на земјоделците“, рекол Планас.

Шпанската федерација за производство на овошје и зеленчук проценува дека во секторот ќе бидат потребни 160,000 додатни работници во април, 18,000 во мај и 28,000 во јуни.