СветСиндикат

Шпанија: Синдикатот ЦЦОО е најрепрезентативен синдикат

Шпанија: Синдикатот ЦЦОО - Работник
45views

Според сертификатот на шпанското министерство за труд, миграција и социјална сигурност, на 19 јуни 2019 година, синдикатот ЦЦОО имал 96,249 претставници, односно 35,7 проценти од вкупно 259,538 избрани во изборите на работниците во приватниот сектор и јавната администрација ви Шпанија, од јануари 2015 година до јануари 2019 година.

ЦЦОО е водечкиот синдикат во Шпанија, со најголем број на синдикални претставници, што е тренд кој трае од 1990-те години.

Разликата во бројот на делегати во спореда со другиот синдикат, УГТ кој има 88,198 претставниви е 8,051.

Според шпанската легислатива, бројот на членови на синдикатот не ја одредува репрезентативноста во Шпанија, бидејќи не постои механизам за мерење на репрезентативноста. Секоја организација си одредува свои критериуми за мерење на репрезентативноста.