ЕкономијаМакедонија

„Шпаркасе Банка“ втора година финансира старт-ап бизниси заедно со ЕаСи на ЕУ

„Шпаркасе Банка“ - Работник
144views

„Шпаркасе Банка Македонија“ го започнува вториот циклус од програмата „Чекор по чекор“, наменета за поддршка и развивање старт-ап бизниси во Република Северна Македонија. Програмата е воведена со потпишувањето на спогодбата со Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) во рамките на Програмата за вработување и социјални иновации ЕаСи на ЕУ, која е финансирана од Европската Унија. Со оваа програма на старт-ап бизнисите им се овозможува пристап до средства за финансирање развој на нивните бизниси, како и вклучително едукација и менторство за правилен развој на бизнисите.

Шпаркасе Банка Македонија втора година по ред ќе го поддржи развојот на младите амбициозни претприемачи со идеја за создавање сопствен бизнис, кои имаат потреба од финансиска помош за понатамошен развој. „Чекор по чекор“ е првата акцелераторска програма од овој вид, која има за цел да обезбеди парична и општествена поддршка на компаниите што се во почетната фаза на отпочнување сопствен бизнис, со можност за кредитирање во износ до 25.000 евра и понуда
на пакети за образовна, финансиска и менторска поддршка, пишува Банкометар.

Целосниот текст прочитајте го тука