ЗанимливостиСветот на работникот

Што ако работата од дома стане обврзна? Како да го одвоите „домот“ од „работата“

Што ако работата - Работник
200views

Пандемијата на корона вирусот ги довела вработените и работодавачите во ситуација во која сите кои можеле, морале да продолжат да работат во други услови – од своите домови.

Иако се чини дека работите пополека се нормализираат и дека вработените постепено ќе се враќаат во канцелариите, можно е работењето од дома после овој експеримент „ин виво“ да стане позастапен начин на работа, дури и во обични околности.

Германија веќе најавила дека има намера да предложи воведување на законско право за работа од дома во случаи во кои тоа е изводливо, со што би станало можно и кога пандемијата на корона вирусот ќе стане минато.

Затоа еве неколку совети за да подобро се навикнете на овој начин на работа, доколку досега не сте успеале, мислејќи дека ќе биде само привремено.

Изенандно наметнатата работа до дома бара да се постават граници кои ќе го одвојат домот од работата.

Луѓето се генерално свесни дека кога се работи од дома, одредени работи можат да тргнат на лошо – особено во моментот кога технологијата напредувала, како што е тоа случај денес.

Многу е важно да се воспостави работен „мод“, а тоа ќе се постигне само доколку се оградите од семејството или домашните обврски или доколку почнете да работите заедно со другите кои веќе работат од дома или се во слична улога како и вие.

Вашиот работодавач или соработниците можеби сакаат одредено ниво на формалност и професионализам за да обезбедат јасна комуникација и ефикасност.

Постојат начини ова да го направите и кога вашите деца играат во ваша близина.

Покажете им дека работите

Кога ќе започнете да работите од дома, клучно е создавање на препреки помеѓу вас и другите луѓе на местото на коешто работите. Известете ги за вашите очекувања:

Седнете со своите цимери или членови на семејството да поразговарате за тоа како планирате да работите. Ова може да им помогне да сфатат што ви треба, а нив ќе им даде можност да изнесат разумни преговори или позитивни совети кои ќе го подобрат вашиот план.

Подесете го работното време. На сите во вашата околина, но и на вас, ќе ви биде полесно кога ќе ја воспоставите рутината во текот на која во исто време, секој ден ќе работите.

Користете натписи или сигнали. Знакот „на работа„ или „не вознемирувај“ кој сте го ставиле на вратата или во ваша близина ќе го направи вашиот статус многу јасен.

Ако имата врата, затворете ја.

Работете со други кои работат од дома

За многу луѓе одлуката или барањето да се работи од дома на работа која вообичаено се извршува во канцеларија има влијание и на другите околу нив.

Можете да имате сопруг/а, партнер/ка, цимери, деца или поголемо семејство. Некои од нив сосема сигурно веќе работат од дома или можеби се дома со мали деца, луѓе кои немаат одредени работни денови или пензионери.

Внесувањето на самите себе во оваа мешавина може да биде стресно.

Затоа еве неколку совети.

Земете ги во предвид звучните и останатите пречки кои можат да ви го одвраќаат вниманието во текот на подесувањето на работниот простор. Планирањето е одлично, но флексибилноста во воведувањето на промена е клучна.

Ако флексибилниот работодавач овозможува да го замените вашето работно време, направете го тоа, можеби ќе можете да ги избегнете конфликтните потреби во ист работен простор.

Смислите протокол за тоа како ќе ги премостите разликите. Речениците како „Тоа е начинот на кој јас работам!“ или „Не правам премногу галама“, многу брзо ќе се проредат.

Совладајте ги пречките кои ги носи домашниот живот

Домашниот живот ќе ја омета работата, особено во домовите со деца кои не одат на училиште. Кучињата ќе лаат, мачките ќе скокаат по тастатурата додека сте отсутни и ќе им пратат „ј12хтрвјддфкгј“ на колегите и, да,  децата можат да влезат во собата во текот на важен состанок со клинетите.

Претпријатијата ќе мораат да се носат со тоа исто колку и вие. Шефовите кои очекуваат дека можете да го заклучите остатокот од домаќинството далеку од себе, за да не ви ги прекинуваат работните денови, сепак ќе се грижат.

Advertisement