Што е пробна работа и како е регулирана во Законот за работните односи?

Постојат дилеми околу тоа што е пробна работа и како истата е уредена во Законот за работните односи. За таа цел, порталот Работник се обрати до адвокатот Персида Отовиќ – Стојановска, од која побаравме да ни даде повеќе детали на оваа тема.

Во прилог нејзиниот одговор:

Пробната работа е предвидена во Законот за работни односи при склучување на договор за вработување и тоа кога се склучува договорот за вработување на определено, како и на неопределено време.

Со овој договор законодавецот му дал можност на работникот и работодавецот на еден пробен период односно период на приспособување со цел да се утврди дали работодавецот но и работникот се задоволни од извршената работа како и од работните услови, права и обврски.

Во договорот за вработување со кој е предвидено пробната работа мора да се утврдат висината на платата за пробниот период како и времетраењето на пробниот период како задолжителни елементи. Согласно ЗРО периодот на пробна работа не може да трае подолго од 4 (четири) месеци, освен во случај на оправдано отсуство од работа. При вршењето на сезонската работа периодот на пробна работа може да биде најдолго до три работни дена. За време на траење на пробната работа работникот може да го откаже договорот за вработување со отказен рок од три работни дена, додека пак работодавецот врз основа на оцената за неуспешно завршената пробна работа по изминувањето на пробната работа да го откаже договорот за вработување.

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.

Бобан Илијевски

Бобан Илијевски е главен и одговорен уредник на порталот Работник и е еден од ретките новинари во Македонија специјализирани за областа на работните односи.