Занимливости

Што значи акроним?

Што значи акроним? - Работник
82views

Знаете ли што значи зборот акроним? Дали сте слушнале за зборот акроним? Веројатно, ретко. Но затоа, неговата примена, ја слушате секојдневно. Што навистина значи зборот акроним?

Акроним е грчки збор кој е составен од (akros – краен и onoma – име). Тој претставува вештачка кратенка составена од почетните букви или почетните слогови на некои сложени зборви. Се употребува за да се означи некој поим кој е напишан со така составени почетни букви или слогови кои имаат значење.

Пример за тоа се: РС (Република Српска), САД (Соединети Американски Држави) СКОЈ (Сојуз на младината на Југославија) и други.

Акронимите постојано се користат во секојдневната терминологија и тие скратеници на тој начин стануваат познати.