- Advertisement -
НовостиСветот на работникот

Што кога проблемот не е до работникот, туку до менаџерот? Олеснете ја вашата работа преку овие 5 совети

Што кога проблемот - Работник
550views

Подготвил: Бобан Илијевски

Пред да побарате „виновник“ помеѓу своите работници, запрашајте се дали вие самите, како менаџер на компанијата или на некој нејзин сектор, добро ја извршувате својата работа.

Притоа, не се мисли само на оној стручен дел.

Имено, добар менаџер треба да знае како да комуницира со работниците, да ги смири, награди, поттикне, „освести“, охрабри итн. Тука до израз доаѓаат комуникациските вештини, доколку сакате одличен тим.

Постојат неколку „правила“ до кои треба да се држите, ако сакате да бидете успешен менаџер чии работници се задоволни, мотивирани и носат резултати.  

Особено е важно да бидете на висина на задачата, бидејќи работењето од дома една година, како и самата пандемија, оставиле одредени последици по вработените. Од нив 54 % велат дека се чувствуваат изморено поради зголемениот обем на работа и натрупаните состаноци.

Исто така, нема да биде лесно да се вратите на старо, односно во канцеларијата, а на тоа сега инсистираат бројни големи компании, како што се Ејпл, Гугл и разни банки.

  1. Поддржете ги вработените да земат слободен ден. Сите знаеме колку е тешко понекогаш да се искористи целиот годишен одмор, особено „во гужвата“. Затоа е потполно во ред на работниците да им дадете по некој слободен ден за да одморат, но покажете го тоа и преку свој пример. Ако тој ден ве нема на работа, исклучите се целосно, па и од социјалните мрежи.
  2. Размислувајте за својата работа – вон работа. Анализирајте какви сте биле тој ден, дали некого неправедно сте осудиле или можеби премногу сте барале од вработените. Обидете се да ги раздвоите приватните од реалните проблеми во бизнисот. Исто така, обидете се да го разберете периодот после короната и имајте повеќе „слух“ за туѓите потреби.
  3. Посветете време на обуки. Во периодот после пандемијата, по онлајн тренинзите, Зум состаноците и слично, приматот дефинитивно е даден на едукацијата и преквалификувањето. Како што очекувате од вработените да работат со полно темпо, така и на себеси дајте си шанса да научите нови работи.  
  4. Вашето мало, понекогаш на некој му е многу, а за да тоа не сте свесни. Имено, на секој му треба мотивација, барем од време на време, па и на вашите вработени. Алатките како што се Office 365 и Viva ќе им помогнат да бидат во контакт со вас, но исто така можат да им помогнат и кога станува збор за личните афинитети.
  5. Бидете поотворени кон работниците, особено кога ќе дојде време да се вратите во канцелариите. Кажете им ги своите очекувања, за тоа како работите ќе се одвиваат во иднина и што ќе се промени.

Извор: Telegraf Biznis

Фото: Shutterstock