ЗанимливостиНаука

Што научниците досега откриле за Коронавирусот?

Што научниците - Работник
327views

Новиот Коронавирус ги изненадил научнциите. Не знаат точно од каде дошол, но веќе пропатувал 9,500 километри откако е откриен во декември во Кина. И покрај карантините, епидемијата се шири, а и бројот на мртви.

Да беше ова холивудски филм, сега би било време за паника. Во реалноста поголемиот дел на луѓето само треба да ги измијат рацете и да продолжат понатаму.

„Немојте да паничите ако не сте платени да паничите“, вели епидемиологот Брендон Браун од Калифорнискиот универзитет (УЦ) кој проучувал многу смртносни епидемии.

„Здравствените работници треба да бидат подготвени. Владите треба да им осигураат ресурси. Навременото и точното информирање на јавноста е клучно“, вели Браун. „А сите останати, слободно дишете“.

Во три недели од појава на епидемјата која се проширила на најмалку 941 лице во 11 земји, научниците за вирусот дознале многу работи.

Тоа е коронавирус, роднина на патегенот кој предизвикува акутен респираторен синдром (САРС) и блискоисточен респираторен синдром (МЕРС), болести кои предизвикале стотини смртни случаи во светот.

Останатите контравируси не предизвикуваат ништо повеќе од обична настинка.

Освен луѓето, од коронавирусот можат да се заразат и кравите, свињите, мачките, кокошките, камилите, лилјаците и други животни. Поголемиот дел од првите жртви на новата епидемија рекле дека биле на пазар во кинескиот град Вухан, што сугерира дека вирусот од некој друг вид прешол на човекот.

Кога експертите го испитале генетескиот код, пронашле секвенца дотогаш непозната на науката. Тоа значи дека луѓето не можеле да развијат природен имунитет кон коронавирусот кој е наречен n-CoV2019.

За среќа, се чини дека на младите и здравите луѓе им предизвикува само благи симптоми. Поголемиот дел од смртните случаи ги сочинуваат луѓе постари од 50 години, претходно болни или со ослабен имунолошки систем.

„Засега немаме докази дека овој вирус е поопасен од грипот“, вели Мајкл Мина, епидемилог од Харвард. „Поголемиот дел од луѓето со пристојна медицинска нега, ќе бидат добро“.

„Всушност, можно е во Кина или некаде на друго место да се зарезени стотици или илјадници луѓе, но со благите симптоми никој не забележал“, додава Том Инглсби, директор на Центарот за здравствена сигурност при Школата за јавно здравје Џон Хопкинс.

„Прерано е да знаеме“, вели Ингслби. „При новите епидемии често оние најтешките случаи се препознааваат први и можат да резултираат со искривена слика за тоа колку навистина ситуацијата е опасна“.

Епидемиолозите сега се обидуваат да откријат кога новиот коронавирус ја стекнал способноста да се пренесува од човек на човек поради тоа што пазарот во Вухан кој се смета за почетна точка, очигледно не е повеќе извор на ширење на епидемијата.

Здравствените работници очекуваат ширењето од човек на човек во краткорочен период да продолжи, а тоа значи дека ќе се појавуваат нови случаи ширум Азија, САД, а можно и во Европа.

Новост е што информацијата побрзо стигнува од вирусот.