МакедонијаПравдаСветот на работникот

Што работат 1.408 вработени во МПСОЗ година и пол, а за што потрошиле 9 милиони евра за плати?

98views

1406 вработени земаат плата а не одат на работа. Вака изгледа министерството за политички систем и односи меѓу заедниците кое беше формирано пред една ипол година. Со него раководи министерот Садула Дураку а има свој заменик и државен секретар. За оваа година од буџетот се издвоени близу 9 милиони евра за плати на фиктивните вработени лица. Зошто толкав број вработени и кои се нивните работни задачи и реализирани цели одговор побаравме од првиот човек на министерството. Садула Дураку во краток разговор за Сител најави одговори во текот на работната недела која следи.

Побаравме отчет за завршените проекти  со кои можат да се пофалат а тој кратко одговори дека ова министерство не работи со инфраструктура па да зборуваат за проекти.

Став за бројот на вработени и нивните плати побаравме и од министерот за информатичко општество и администрација. Министерот Манчевски не сака да се меша во работењето на други министерства.

Околу транспарентноста побаравме информации на веб страната на ова министерство но такви податоци нема. Поставени се два документи насловени органограм и правилник за внатрешна организација но освен декларативните определби, конкретни информации нема.

На насловната има неколку кратки вести за министерот во врска со рамковниот договор, одбележување на датумот на геноцидот во Сребреница, за доделена помош за градот Нови Пазар. Во делот на јавни набавки, можат да се видат отворени постапки за набавка на канцелариски материјал иако ова министерство нема свои простории. Министерот на работа оди во зградата на Владата. Меѓу другите набавки се услуги за преведување, одржување на веб страната, информатичка опрема, жарденери и друго назначени како услуги од мала вредност.

Вo изборната кампањата СДСМ вети дека во следниот мандат ќе ги укинат сите министерства без ресор бидејќи по законот за влада треба да има 16.  Најавија и намалување на  бројот на вработени во јавната администрација за 20 отсто.

Извор: Сител