- Advertisement -
ЕкономијаМакедонија

Што ќе донесе новата економска програма на идната Влада? Што е личен банкрот?

Што ќе донесе новата економска програма - Работник
230views

Дали новата програма на Владата ќе обезбеди подобара бизнис клима за развој на економијата и во услови на корона криза или најавените идеи ќе останат само на хартија.

Бизнис секторот препознава добри мерки – како на пример намалувањето на парафискалните давачки , односно сите скриени трошоци кои фирмите при основањето не ги гледаат, а треба да ги плаќаат, како на пример одржување на фискалниот апарат, вадењето лиценци, дозволи, одобренија, сертификати за безбедност и здравје при работа и слично. Владата во 4 годишниот мандат зацрта дека овие давачки, чија сума може да достигне до 18 милиони денари, ќе ги намали до 75%.

Advertisement

За бизнисот намалувањето на ДДВ за ресторантските услуги од 18 на 10 % ќе придонесе овој сектор малку да застане на нозе. Но, ќе бидат потребни и дополнителни финансиски мерки.

Во Програмата на новата Влада е предвидено воведување нов закон – за личен стечај. Идејата е стара, ваков закон се планираше уште во 2009 та година. Веќе е воведен во Словенија, Хрватска, Австрија, Белгија, Германија, Русија, Чешка и други европски држави. Што значи прогласувањето личен банкрот?

Advertisement
Advertisement

Кога должникот не може да си ги плаќа долговите – бара прогласување личен стечај.  Судот утврдува дали има основ за тоа – му прави попис на целиот движен и недвижен имот и му назначува стечаен управник. Токму стечајниот управник располага со сите луксузни предмети кои ги поседува должникот, автомобил, телевизор, телефон, ниви, и прави план за отплата на долгот, обично на 3 или 5 години. Имотот, кој оди во стечајната маса го продава за да се исплатат доверителите. На должникот му остава на располагање минимални приходи, неопходни  за подмирување на основните потреби.  После успешното реализирање на планот на отплата, сите останати неподмирени трошоци се бришат.

Идеата е – ако должникот на пример должи 10 илјади евра, да не може банката преку извршител да му го земе станот, за многу пониска цена.

Сепак , според искуството од земјите каде што функционира ова, како на пример во Германија и Белгија, на граѓаните кои не можат да си ги платат ратите за кредит, најчесто самите банки им даваат продолжување на рокот за отплата или привремено стопирање на ратите

Извор: Сител

Advertisement