МакедонијаСиндикат

“Штрајкбрејкери во Прилеп: Презадоволни ли од платата не сакале штрајк?”

Штрајкбрејкери во Прилеп - Работник Фото: Маркукуле
312views

Околу 170 просветни работници од Прилеп, незадоволни од Одлуката на Регионалниот одбор на СОНК, а која била донесена уште во февруари годинава, и со која, наводно им било забрането зачленувањето во постоечката синдикална организација, на вчерашната прес-конференција обелоденија дека тие, в понеделник, немало да учествуваат во најавениот штрајк на СОНК, односно дека редовно си се враќаат на своите работни места – пренесува порталот “Три.мк”, пренесува Инфомакс.

Според нив, со ваквата Одлука на Регионалниот одбор, односно на неговиот претседател, Златко Думбалоски, тие биле ставени во дискриминирачка положба, бидејќи според Законот за работни односи, чл.185 – „Работникот слободно одлучува за своето стапување и истапување од Синдикатот“, додава Инфомакс.

Целосниот текст можете да го прочитате тука