СветСветот на работникотСиндикат

Штрајкови во училиштата низ цела Хрватска

Штрајкови - Работник
268views

Членовите на Независниот синдикатите на вработените во средните училишта на Хрватска и хрватските учители објавиле дека денеска ќе штракуваат во основните и средните училишта во цела Хрватска, вклучувајќи ги и градот Загреб.

Претставниците на двата образовни синдикати истакнале дека понудата на хрватскиот Премиер Андреј Пленковиќ за зголемување на основицата не е исто со зголемувањето на коефициентот на сложеност на дејноста пренесува Н1, наведува Индекс.

„Нашите барања не се усвоени и тоа постојано го зборувам секој ден. Владата не ги усвои барањата на двата најголеми образовни синдикати во Хрватска и логично е да продолжиме со штрајкот“, рекла Претседателката на синдикатот на учители, Сања Шпрем.

Понудата на Премиерот основицата на сите да им расте 6,12 отсто и дека пресметката дека сите ќе имаат еднакво зголемување на платите не значи дека нивното заостанување се исправило, додала Шпрем.

„Прво додаток за заостанувањето, а потоа зголемување на основицата“, рекол Претседателот на Независниот синдикат на вработените во средните училишта, Бранко Михалинец.

Истакнуваат дека социјалниот дијалог е прекинат, но сепак се надеваат дека ќе биде продолжен.

Кога се работи за штрајкот, рекле дека направиле план до празникот на Сите Светци, односно до 1 ноември, а потоа и до крајот на полугодието.

Од четвртокот штрајкуваат и факулетите

Синдикатот на науката и високото образование најавил еднодневен штрајк кој ќе се одржи во четврток на 24 октомври.

Штрајкот ќе се одржи со барање за зголемување на платата за членовите со најниски плати.

Во штрајкот ќе учествуваат и 700 луѓе од административниот персонал и предавачите, најавил Генералниот секретар на синдикатот, Вилим Рибиќ.

Ако синдикалното барање не се реши, следниот штрајк ќе се одржи во средна на 30 октомври.