ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Штрајкот во „Горење“ е на „чекање“

Штрајкот во „Горење“ е на „чекање“ - Работник
153views

После едноневниот штрајк во вторникот, вчера работниците на „Горење“ во Валјево се вратиле на своите работни места. Според изјавата на нивниот синдикален лидер, тие ќе почекаат две недели за да видат дали работодавачот ќе им ги исполни барањата.

„Доколку не ни се усвојат барањата, нашиот следен потег е организирање на петодневен штрајк“, рекол за Денес, Ненаф Ѓурѓевиќ, претставник на Асоцијацијата на самостојни и независни синдикати во Горење.

Според него работниците имаат вкупно шест барања. Тие поради условите за работа кои преку лето се многу тешки поради големите жештини бараат еднократна исплата по 5,000 динари, а потоа и да им ги исплат заостанатите трошоци за превоз, потоа да се почитува „терминскиот календар кој се носи на почетокто на годината со распоредот на работни и неработни денови.

Од компанијата Горење истакнуваат дека „го почитуваат законот за работни односи и Колективниот договр и дека остануваат отворени за продолжување на социјаниот дијалог и решавање на прашањата кои се значајни за вработените и компанијата.