ПравдаСветСиндикат

Штрајкот во Франција влезе во деветиот ден: Синдикатите нема да се повлечат додека не се повлече пензиската реформа

Штрајкот во Франција влезе - Работник
187views

Протестите и штрајкот против пензиските реформи во Франција денеска влегуваат во деветиот ден и постои можност тие да се продолжат до Божиќ, и покрај волјата на Владата за преговори.

Планот за реформата која во средата ја претставил францускиот Премиер Едуар Филип предизвика незадоволство кај сите синдикати.

Дури и оние синдикати кои начелно ги подржуваа најавените мерки се незадоволни.

Филип се надеж дека протестното движење нема додатно да се прошири, ги повикал синдикатите на „циклус на разговори“, велејќи дека преговорите треба да започнат што е можно побрзо.

Сепак, Премиерот ја повторил својата одлучност за спроведување на универзален систем на пензија кој треба да ги замени досегашните 42 режими, но овој пат со отстапки на синдикатите.

Инаку, штрајкот најмногу го погодува железничкиот сообраќај.

Синдикатот на железницата соопштил дека блокадата ќе трае додека Владата „не се вразуми“ и ја повлече реформата.