СветСветот на работникотСиндикат

Штрајкот во Франција ќе продложи и овој викенд

Штрајкот во Франција - Работник
54views

Штрајковите поради планираната реформа на пензискиот систем во Франција ќе продолжат и овој викенд.

Париската мрежа на јавен транспорт РАТП соопштила дека денеска ќе бидат затворени девет метро линии, но ќе функционира 60 отсто од автобускиот сообраќај и веројатно трамваите.

„Железничкиот сообраќај на подолги релации ќе се одвива со намалени капацитети“, соопштила железничката мрежа СНЦФ, додавајќи дека ќе се сообраќат само една четвртина од возовите, пренесува Капитал.

СНЦФ најавила дека ќе го објави распоредот за поаѓање на возовите овој викенд доколку биде одлучено штрајкот да продолжи во текот на божиќните празници.