СветСветот на работникотСиндикат

Штрајкот на возачите на цистерни во Португалија е откажан – следуваат нови преговори со работодавачите

Штрајкот на возачите на цистерни - Работник
26views

Возачите на цистерни во Португалија го прекинале штрајкот, а нивниот синдикат се согласил да преговара со работодавачи во вторник, 20 август.

Синдикатот на возачите кои превезуваат опасни материи (СНММП) влегол во штрајк во понеделникот, 12 август, откако пропаднале преговорите со унијата на работодавачи АНТРАМ за зголемување на платите и подобрување на условите за работа.

Ова е нивен втор штрајк оваа година.

АНТРАМ соопштил дека е отворен за преговори, но под услов штрајкот да се откаже или суспендира.

Враќањето на возачите на работа претставува олеснување за социјалистичката Влада на Португалија која стравувала од последиците на продолжениот штрајк врз економијата која зависи од туризмот.

„Имајќи ги во предвид исполнетите услови за преговори со АНТРАМ и Владата, одлучено е штрајкот да се откаже“, рекол потпретседателот на синдикатот СНММП.