СветСветот на работникотСиндикат

Штрајкот на полицискиот синдикат во Словенија ги блокирал граничните премини

Штрајкот на полицискиот синдикат - Работник
117views

Поради штрајкот на словенските полицајци кој започнал во понеделникот наутро во осум часот, забавен бил влезот на товарни возила од Хрватска во Словенија, најмногу на граничните премини Берган/Обрежје и Грушковје/Мацељ.

На наведените граници се чекало повеќе од два часа, наведуваат медиумите.

Се работи за предупредувачки штрајк кој траел до 12 часот.

Полицискиот синдикат тврди дека со штрајкот кој се одвива на граничните премини и вклучува темелен преглед на личните и товарните возила, ја предупредува Владата на неисполнетите, а преземените обврски од пред две години, претежно поврзани со платите.

Владата тврди дека своите обврски во главно ги исполнила и дека нивните плати од тогаш се зголемени за преку 15 посто, но дека е подготвена на нови разговори со синдикатот.