СветСветот на работникотСиндикат

Штрајкот на факултетите продолжува на 22 ноември

Штрајкот на факултетите продолжува на 22 ноември - Работник
177views

Независниот синдикат на науката и високото образование на Хрватска, Вилим Рибиќ најавил денеска дека штрајкот на факултетите се продолжува на 22 ноември и порачал дека зголемувањето на платите во јавниот сектор, за кое зборува Премиерот Андреј Пленковиќ, не би се случило ако немало синдикален притисок.

Рибиќ на прес -конференцијата истакнал дека „да се следат работите само во одреден период е пристрасно“, коментирајќи ја со тоа вчерашната изјава на Пленковиќ дека не се сеќава кога последен пат во еден мандатот некоја Влада во јавниот сектор платите ги зголемила за 18 проценти, доколку во тоа се пресеметаат и предложените зголемувања.

„После три години штрајк во 2006 година синдикатите потпишаа спогодба за растот на основицата од вкупно 18 посто и уште 13,7 посто просветен додаток, во 1997 година платите пораснале за 17 посто, една година подоцна за 19 посто, а во 1999 година пораснале за 23 посто“, рекол Рибиќ.

Рибиќ истакнал дека на Премиерот му е многу да се зголеми платата за 18 посто, но на синдикатите тоа им е малку, што покажала и синдикалната анализа на платите во образованието за пет последователни години.