Светот на работникот

Штрајкот не ја попречува работата: Иако половина од пилотите на Рајанер штрајкуваат, летовите се редовни

Штрајкот не ја попречува работата - Работник
172views

Сите летови на авиокомпанијата Рајанер кон и од британските и ирските аеродроми започнале од денеска наутро без препреки и покрај тоа што дел од пилотите во Британија започнале штрајк.

Авиокомпанијата навела дека очекува нејзиниот британски и ирски распоред на летови ќе се одвива непречено во текот на остатокот од денот.

Рајанер води битки за да се спречат вработените да не започнат работнички протести.

Вчера, ирскиот суд на барање на Рајанер издал налог за забрана на штрајкот на пилотите во седиштето на компанијата во Даблин, но лондонскиот суд одбил слично барање за пилотите на Рајанер во Британија.

Од Рајанер соопштиле дека пилотите кои штрајкуваат се помалку од 30 отсто од персоналот кој управува со нивните авиони во Велика Британија.