ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Штрајкот со глад во Зеница започнува да си го зема данокот

Штрајкот со глад - Работник
143views

Ситуацијата на Автобуската станица во Зеница во БиХ која е блокирана од 31 декември минатата година и каде во холот на зградата 18 работници штрајкуваат со глад, не е променета во однос на изминатите денови – изјавил за Фена Претседателот на синдикатот на претпријатието Зеницатранс, Хусо Сарван.

Работниците од неделата попладне се во штрајк со глад, а Сарван наведува дека се се поисцрпени и дека денеска ќе настојуваат да го изостават од штрајкот Нахид Кадриќ кој е дијабетичар и ноќеска имал покачена темепратура и болки.

„Работниците кои штрајкуваат се при крај со нервите. Се оди кон тоа дека дојдено е крајно време да се направи нешто, да им се помогне на овие луѓе и да се прекине агонијата во која се наоаѓаат“, вели Сарван.

Тој истакнува дека имаат надеж во денешната, итна и вондредна седница на Градскиот совет во Зеница на која би требало да биде усвоена Одлуката за привремено финансирање од страна на Градот за првите три месеци од 2020 година.

Имено, штрајкот со глад е последица на блокирањето на Автобуската станица поради немањето на финансиски средства таа да функционира.