Штрајкуваат 3,5 милиони медицинари: Платите им се 40 долари, а во државата има преку 2 милиони ковид случаи

Повеќе од 3,5 милиони здравствени работници во Индија денеска започнале дводневен штрајк, барајќи подобри плати и заштитна опрема во борбата против коронавирусот.
Штрајкот започнал еден ден откако во оваа земја е забележан рекорден дневен пораст на бројот на новозаразени, а вкупниот број на активни случаи поминал два милиони.
Секретарот на Центарот на трговски синдикати А.Р. Синду за Ројтерс рекол дека досега во Индија починале најмалку 100 здравствени работници и дека Владата не им обезбедила осигурување.
Во штрајкот учествуваат 10 синдикати кои ги претставуваат и возачите од итната помош и куварите во здравствените центри.
Поголемиот дел од нив работат по договор со владите на индиските држави, а нивната месечна плата изнесува 3,000 рупии (40 долари)