ШТРАЈК ВО ГЕРМАНИЈА: Откажани сите 300 летови од берлинскиот аеродром Бранденбург, синдикатот бара поголема плата за 500 евра

Сите патнички летови од берлинскиот аеродром Бранденбург денеска се откажани или пренасочени поради еднодневниот штрајк на работниците, јави германската новинска агенција ДПА.

Откажани се околу 300 летови и се презакажани за утре, а дел од патниците се упатени на аеродромите во Дрезден и во Лајпциг.

Штрајкот на аеродромските работници, безбедносниот персонал и персоналот на земјата е во организација на синдикатот Верди.

Се очекува прекинот на работата да влијае на противпожарната бригада на аеродромот, операциите за полнење гориво, ракувањето со багажот и шалтерите за пријавување на патници.

Синдикатот бара зголемување на месечните плати од 500 евра.