СветСветот на работникотСиндикат

Штрајк го парализира градот: Затворена Ајфеловата кула, 6,000 полицајци се на улица

Штрајк го парализира градот - Работник
170views

Јавниот сообраќај во Франција денеска речиси целосно се запре од штрајкот на синдикатите низ целата земја.

Целта на штрајкот е да се натера Претседателот Емануел Макрон да се откаже од плановите за реформа на пензискиот систем во земјата.

Железничките и метро станиците во Париз утрово за време на сообраќајниот шпиц биле празни, а за да стигнат до саканите дестинации патниците се возеле со велосипеди, автомобили или останале да работат од дома, јавува Ројтерс.

Уште пред зората, полициските сили се распоредиле долж булеварот Шанселизе, претресувајќи ги торбите на пешаците поради денешните улични протести бидејќи Владата предупредила дека помеѓу демонстрантите може да се инфилтрира група на насилници.

Граѓаните се противат на реформите на пензискиот систем кои предвидуваат универзален систем на пензии наместо сегашни поделби на четири видови на пензии – во приватен и јавен сектор, специјални и дополнителни пензии.

„Јавниот превоз денеска ќе биде многу отежнат, како и утре, а веројатно и овој викенд“, изјавил заменик министерот за сообраќај Жан Батист Џебари за радио РТЛ.

 И наставниците излегуваат на улиците

Синдикатите од крајната левица повикуваат на прекин на сообраќајната мрежа, затворање на училишта и оставање на ѓубрето да се насобира, за да го принудат Макрон да го повлече планот за пензиските реформи. Од државната железница велат дека ќе се сообраќа само еден од 10 патнички возови и приградски брзи возила.

Железничките компании Еуростар и Талис откажале најмалку половина од своите услуги на линиите кои ги поврзуваат Париз, Лондон и Брисел.

Властите од цивилното воздухопловство побарале од авиокомапниите да откажат околу 20 проценти од летовите поради нередите кои штрајкот ќе ги предизвика во распоредот на летање.

Се очекува дека повеќе од половина наставници во основните и средните училишта ќе излезат на улици, а вработените во итната медицинска помош во целата држава ќе работи со минимален персонал. Синдикатите на вработените во јавниот сообраќај не одредиле рок за завршување на штрајкот.

Демонстрантите ќе маршираат од главната железничка станица Гар ди Нор до плоштадот на нациите напладне.

Страв од „жолтите елеци“

Министерот за внатрешни работи, Кристоф Кастане изјавил дека се очекува повеќе од илјада радикални анархисти и демностранти од движењето „жолти елеци“ да направат пустош. Тој наредил продавниците долж рутата да се затворат кога ќе се движат учесниците на протестот.

На улиците отприлика ќе бидат распоредени околу 6,000 полицајци, вклучувајќи повеќе десетина припадници на служби за брзо реагирање на мотори.

Медиумите потсетуваат дека сегашната ситуација би можела да изгледа как во 1995 година кога големите протести кои траеле три недели против реформите на социјалното осигурување и пензии, го навеле тогашниот Премиер Ален Жипе да се откаже од таа намера.

Лоран Берже, шефот на синдикалниот сојуз на ЦФДТ, вели дека социјалното опкружување е поексплозивно отколку во 1995 година.

„Во смисла на напнатост, социјална солидарност и кршења внатре во општеството, сега е многу полошо“, рекол Берже за Ројтерс.

Макрон неодмна повторил дека не се откажува од реформите ветени во текот на предизборната претседателска кампања.