- Advertisement -
МакедонијаСиндикат

Штрајк или понуда – Утре Советот на СОНК ќе донесе одлука

Штрајк или понуда - Работник
1.97Kviews

Дали предупредувачкиот штрајк може да прерасне во генерален?

Утре Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК ќе одржи редовна седница на која ќе одлучува за тоа дали ќе се прифати понудата од страна на Владата за зголемување на платите за 10 проценти од април 2020 година или  ќе се влезе во генерален штрајк.

Advertisement

Од СОНК велат дека ги имаат изјаснувањата од страна на синдикалните организации и дека според нив утре ќе се одлучува како ќе се постапи.

„Списоците ги имаме и по нив утре ќе одлучиме како ќе постапиме, односно дали ќе ја прифатиме понудата или ќе влеземе во генерален штрајк“, велат од СОНК.

Advertisement
Advertisement

Имено, на минатиот Совет беше присутен и Министерот за образование и наука, Арбер Адеми кој се обиде да го убеди членството на СОНК да ја прифати понудата, но тие имаа друго барање, а тоа е зголемувањето од  10 проценти да биде од 1 јануари 2020 година, а не од април.

Советот ќе започне во 10 часот во седиштетото на СОНК, а по завршувањето медиумите ќе имаат можност да добијат повеќе информации околу одлуката, истакнаа од СОНК.

Бобан Илијевски

Advertisement