СветСветот на работникотСиндикат

Штрајк на банкарските работници во Либан

Штрајк на банкарските работници во Либан - Работник
213views

Банките во Бејрут и во другите делови на Либан денеска ќе бидат затворени поради штрајкот, рекол Претседателот на синдикатот на банкарските работници, Џорџ ал-Хаџ.

Банкоматите ќе бидат снабдени со пари, рекол тој за Ројтерс.

Синдикатот кој претставува 11,000 работници, повикал вчера на штрајк поради безбедносни причини, со оглед на тоа дека протестите се насочени и кон банките, а клиентите бараат повлекување на депозитот.

Банките вовеле ограничувања за повлекување на доларите и трансферите во странство.