Штрајк на возачите на итната помош и граничните полицајци во Британија

Британската влада вчера соопштила дека ќе испрати 1,200 војници за да ги пополнат празниите поради штрајкот на возачите на итната помош и граничниот пероснал, во време кога бројни синдикати од јавниот сектор организаираат штрајкови во неделата пред Божиќ.

Возачите на итната помош го најавиле штрајкот за вво среда, со што ќе им се придружат на болничарките и болничарите, вработените во железница, граничните полицајци и поштенските работници кои организираат штрајк во наредните недели.

Најинтензивниот бран на штрајкови во Британија во последните повеќе децении е одговор на кризата со трошоците на живот, предизвиикани со скокот на цената на храната и енергенсите како последица на корона пандемијата и руската инвазија на Украина.

Во октомври биле изгубени околу 47,0000 работни денови поради штрајковите, што е најголем број во последните десет години.

Синдикатите бараат зголемувањето на платите да држи чекор со инфлацијата, која изнесувала 10,7 % во ноември и е малку пониска во октомври, но и понатаму е на четриесет годишниот максимум.

Британската конзервативна влада соопштила дека двоцифреното зголемување на платите би довело до зголемување на инфлацијата и вината за нарушувањето на функционирањето се обидела да ја префрли на синдикалните лидери.

За таблоидот Sun on Sunday, премиерот Риши Сунак ги оквалификувал синдикалните лидери како „незадоволници кои сакаат да го украдат Божиќ заради свои политички цели“.

Министерот Оливер Дауден рекол дека би било неодговорно да се дозволи платите во јавниот сектор и инфлацијата да избегаат од контрола.

„Правиме напредок во економијата. Немојте тоа да го загрозите со овие барања кои не можат да се исполнат“, рекол тој за BBC.

Владата се надева на тоа дека јавното мислење ќе се сврти против синдикатите кога луѓето ширум државата ќе се соочат со одложени болнички прегледи, откажани возови и одложување на патувањата среде празниичната сезона. Меѓутоа, анкетите покажуваат дека владее високо ниво на поддршка за работниците, особено за болничарите и болничарките чиј штрајкови ширум Англија, Велс и Северна Ирска, се први во историјата на нивниот синдикат долг 100 години.

Болничарите и екипите во возилата на итната помош велат дека и понатаму ќе одговараат на итните повици за време на штрајкот.