- Advertisement -
НовостиПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Штрајк на вработените во „Амазон“ во Германија

Штрајк на вработените - Работник
172views

 Синдикатот Верди повика на штрајк во шест објекти на Амазон во Германија. Предвидено е штрајкот што почна доцна синоќа да продолжи четири дена. Ова е најновиот обид да се принуди американската група за е-трговија да ги признае колективните договори. Штрајк ќе има во Рајнберг, Верн, Кобленц, Лајпциг и на две места во Бад Херсфелд.

Верди се залага за зголемување на платите од 4,5 отсто за работниците, повикувајќи се на добри приходи во пандемија.

Германија е најголемиот пазар на Амазон по САД. Компанијата тврди дека нуди одлична плата и поволности.

На почетокот на оваа недела, италијанските потрошувачи беа повикани од синдикатите да не купуваат од Амазон за поддршка на штрајкувачите – 40.000 логистички работници, поради условите за работа.