- Advertisement -
ПравдаСветСветот на работникотСиндикат

Штрајк на вработените во здравството и образованието во Косово

Штрајк на вработените - Работник
247views

Централниот штрајкувачки совет на Федерацијата на синдикати за здравство соопштила дека во тек е најавениот штрајк во сите здравствени установи во Косово.

Досега сите вработени го прифатиле општиот штрајк, соопштуваат од Централниот штрајкувачки совет.

Advertisement

Штрајк е организиран и во поголемиот дел на образовните установи во Косово. Во училиштата и на Универзитетот немало настава два часа.

Вработените во здравството и образованието бараат зголемување на платите, пишува РТС.

Advertisement
Advertisement

Косовскиот Уставен суд одлучил да ја прекине примената на Законот за зголемување на платите во јавниот сектор до 30 март следната година, а барање за земање во предвид на законот поднел и косовскиот Омбдусман.

Одлуката на Уставниот суд може да ги радикализира барањата на организаторите на штрајкот, најавуваат од синдикатот.

Претседателот на Обединетиот синдикат за образование, Рахман Јашари рекол дека одлуката на Уставниот суд е лоша вест за синдикатите, бидејќи таа се однесува на 60,000 вработени.

Advertisement