СветСветот на работникотСиндикат

Штрајк на поштарите во Србија – се очекуваат преговори со Владата

Штрајк на поштарите - Работник
162views

Дали поштарите во Србија ќе го прекинат штрајкот ќе се знае денеска после состанокот на синдикатите во Владата на Србија. Освен репрезентативните, Синдикатот на ПТТ работници и УГС „Независност“, на состанокот ќе присуствуваат и работниците кои штрајкуваат. Синдикалците тврдат дека тие не го оргназирале штрајкот, туку самите вработени, но ги поддржуваат нивните барања.

За понудата на раковдството за зголемување на платите од 10 отсто во 2020 година не сакаат да разговараат, бидејќи тврдат дека поради тоа во понеделникот го започнале штрајкот. Поради тоа и во четвртокот во поголемиот број на места во Србија прекинале со работа, а на некои од шалтерите кои работеле имало обемна гужва. На граѓаните ни во четвртокот никој не можел да им потврди кога нивните пратки ќе бидат доставени, а бројот на вработените кои се во штрајк се зголемувал од час во час.

„Работниците со средна стручна спрема како што се возачите, работниците на подготовка на пратките или поштарите имаат во просек околу 37,000 динари или 314 евра, што е под републичкиот просек“, вели Зоран Павловиќ, Претседател на Самостојниот синдикат на поштенски работници.

На социјалните мрежи поштарите делеле информации од терен, па така се појавила и информацијата дека во Ниш полицијата упаднала во пошта и ги попишувала работниците кои се во штрајк. Тоа, во меѓувреме не е официјално потврдено. Причината за прекинот на работата, како што тие велат е тоа што Владата не исполнила ни третина од договорот постигнат во текот на последниот штрајк во март, а немала слух ни за нивното барање за укинување на в.д состојбата и барањето за избор на нови директор на претпријатието.

Ова е трет голем штрајк на работниците во последните три години.