Македонија

Ѓорче Петров: Нов систем за греење во OОУ „Тихомир Милошевски“

Ѓорче Петров - Работник
71views

Спортската сала во ОOУ “Тихомир Милошевски” во општина Ѓорче Петров добива нов систем за загревање, преку имплементацијата на мерките од Планот за чист воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање.

Со новиот систем ќе се обезбеди 120 kw топлинска енергија со топлинска пумпа воздух-вода со номинална електрична моќност од 20 kw за потребите за загревање на над 8.000 m3.

Со спроведувањето на мерката, ќе се подобрат условите за спроведување на училишните активности на децата, како и подобрување на истите за одржување на поголеми спортски настани и други настани во општината.

Извор: Општина Ѓорче Петров