ЕкономијаМакедонијаСветот на работникот

Јавен повик за ангажирање невработени лица во Општина Аеродром

82views

Општина Аеродром објави јавен повик за ангажирање на евидентирани невработени лица на работното место „образовен асистент“ и „помагател на стари лица“ во време траење од девет односно седум месеци, со скратено раборно време, за месечена плата од 9.000 денари.

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица што се заинтересирани да се вклучат во програмата „Општинско-корисна работа“, проект „Социјални услуги за еднакви можности за сите генерации II” за работно ангажирање со скратено работно време за период од шест месеци доколку поседуваат соодветен сертификат за давање социјални услуги, седум месеци доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги и девет месеци доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес, се наведува во јавниот повик на општината.

Од Општина Аеродром појаснуваат дека евидентираните невработени лица што ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 работни часа неделно. Статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата што првпат се јавуваат за учество во Програмата.